Брзо, едноставно и безбедно онлајн кредитирање од Халкбанк
Онлајн кредитите ви овозможуваат да го завршите целиот процес на подигање кредит, од аплицирање, преку одобрување и исплата на средствата, без воопшто да ја посетите филијалата на банката. И сето тоа благодарение на развојот на новите технологии кои носат новини и во банкарството.
Денес сите банки нудат кредити и можност за аплицирање за нив по пат на интернет. Но сепак, за да се одобри кредитот потребно е доставување документација и на крај лично присуство во банка за потпишување на договорот за заем. Една од банките која нуди вистински онлајн кредит, каде сè се одвива по електронски пат, е Халкбанк.
Во продолжение прочитајте кои се предностите на онлајн кредитирањето и зошто е добро да го одберете овој нов производ од Халкбанк.
Брзо аплицирање и одобрување од секаде ширум светот
Сè што ви треба за да подигнете онлајн кредит во Халкбанка е да сте примател на плата или пензија во банката и да сте корисник на електронско/мобилно банкарство. Се логирате, пополнувате апликација на табот „online производи“ и за помалку од 5 минути имате одобрен кредит!
Достапни се 24/7
Аплицирањето за онлајн кредит е достапно за клиените на Халкбанк 24/7. Можете да аплицирате од кој било дел од светот и во кое било време. Сè што ви е потребно е само паметен уред и интернет конекција.
Електронско потпишување договор
Договорот за користење Online кредит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма, со двојна авторизација, со употреба на VASCO токен (e-signature) функционалност со Cronto image.
Заштеда на печатење на хартија и грижа за животната средина
Речиси секоја сфера од нашиот живот е преполна со хартија – од тони официјална документација на работа до трудови од факултет, па дури и менија во ресторани или брошури на секој штанд за информации. Сите овие документи се печатат, се користат, се фрлаат и ако имаме среќа, се рециклираат. Ако не, тие едноставно се претвораат во отпад. Халкбанк, чија што стратешка цел е во континуитет преку низа општествено одговорни акции да придонесува за подобрување на животната средина, постојано води сметка да ја подигне свеста кај јавноста и да овозможи со нејзина поддршка, заедничко зачувување на природата и нејзините богатства.
Еден од начините е фактот што за новиот производ – онлајн кредит, се избегнува непотребното печатење на документација, затоа што целиот процес на аплицирање, се одвива онлајн.
Ниска и фиксна каматна стапка
Каматната стапка на онлајн кредитите во Халкбанк е фиксна за целиот период и изнесува 5,5%. Максималниот износ кој можете да го подигнете е 300.000 денари, а отплатата е до 60 месеци.
Без провизија за обработка, без провизија за предвремена ликвидација и без трошоци за апликација за кредит, онлајн кредитот од Халкбанка е брз, едноставен и безбеден, и вистински избор за тебе!
Останати информации
Integrated Dementia Care and Capacity Building Services
Within the framework of the Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027 Programme, the... прочитај повеќе
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го... прочитај повеќе
Неработни денови 2026 година
Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно... прочитај повеќе

