Трета годишна Конференција за е-трговија на тема „E-трговија & COVID-19: предизвици и можности!”

Третата годишна Конференција за е-трговија на тема „E-трговија & COVID-19: предизвици и можности!” ќе се одржи на 25-ти и 26-ти ноември, 2020 година.
Оваа година, во фокус ќе бидат ефектите од глобалната Ковид пандемија врз растот на е-трговијата, а над 30 врвни експерти од целиот свет ќе го споделат своето знаење и искуство со учесниците. Третата годишна конференција за е-трговија има за цел да го разоткрие и пренесе потенцијалот на е-трговијата, особено во време на глобална пандемија.
Знаејќи дека промените се тешки, но неизбежни за раст и развој, со насловот „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“ ќе ги опфатиме најактуелните теми како: адаптацијата кон е-трговијата за време на ковид-19, искуството на е-купувачите, нивната безбедност и можностите кои ги нуди прекуграничната е-трговија.
Подгответе се да ги дознаете најновите трендови во најактуелната област во 2020 година – е-трговијата, од удобноста на вашиот дом или канцеларија, бидејќи оваа година конференцијата ќе биде комплетно онлајн.
Агендата, заедно со сите останати детали се објавени на официјалната веб страница на конференцијата:
https://www.ecommerceconference.mk/
Побрзајте и регистрирајте го вашето учество, местата се ограничени!
Останати информации
Integrated Dementia Care and Capacity Building Services
Within the framework of the Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027 Programme, the... прочитај повеќе
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го... прочитај повеќе
Неработни денови 2026 година
Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно... прочитај повеќе
