Јавен повик – „Млади менаџери и бизнис-лидери“
Под покровителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“.
Целта на програмата е преку трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, избраните кандидати да се стекнат со обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, како и да им биде овозможена посета на различни сектори во рамките на компаниите коишто ги селектирал избраниот кандидат.
Право на пријавување на јавниот повик имаат:
- студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии;
- дипломирани студенти;
- студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма.
Старосната граница е 29 години.

На избраните учесници ќе им биде овозможено учество на вебинари, подготовка на „студија на случај“, како и можности за комуникација и присуство на состаноци со извршниот директор.
Истовремено, програмата ќе придонесе да се откријат потенцијални таленти, на компаниите кои ќе учествуваат во Проектот ќе им овозможи подобро да разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.
Пријавувањето трае најдоцна до 20.11.2020 година.
Повеќе информации околу програмата може да прочитате во Јавниот повик објавен на веб-страната на Претседателот и на www.fic.mk.
Останати информации
Integrated Dementia Care and Capacity Building Services
Within the framework of the Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027 Programme, the... прочитај повеќе
Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник
Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го... прочитај повеќе
Неработни денови 2026 година
Министерството за економија и труд ја објави програмата на неработни денови за 2026 година. Согласно... прочитај повеќе
