КС Групација им подели велигденски ваучери на своите вработени
По повод големиот христијански празник Велигден КС Групацијата која се состои од компаниите Евротип, Голд Фелициа, Голд Слот, Агроброд и Премиум Сејфти Солушн за своите вработени обезбеди велигденски вредносни ваучери.
Вработените имаа можност да изберат помеѓу ваучер од Голд Фелициа, ваучер од Минтис и ваучер од маркет. Со ваучерот групацијата сака да им го честита големиот празник на своите вработени и да изрази на некој начин благодарност за нивната посветеност кон работата.
Менаџерскиот тим на компаниите кои се дел од групацијата секогаш работи во интерес на своите вработени и наоѓа начини со кои им дава до знаење дека нивниот импакт во работењето е препознаен и вреднуван. Вработените се главниот ресурс во работењето на компаниите и затоа заслужуваат да бидат главна карика во целиот процес на функционирање.
Нашата групација ќе продолжи и во иднина да ги поддржува своите вработени во секој аспект и на нив ќе гледа како на свои деца, бидејќи една компанија не може да опстојува без човечки капитал.
Слични информации
КС Групација ја спроведе 13 крводарителска акција
Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата... прочитај повеќе
КС Групација потпиша меморандум за соработка со УКЛО
Во петокот на 17-ти мај во просториите на Ректоратот на Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола, беше... прочитај повеќе
Стипендисти на КС Групација 2023/2024 година
КС Групација минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за... прочитај повеќе


