КС Групација ја спроведе 13 крводарителска акција
Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа и Премиум Сејфти Солушн кои се дел од КС Групацијата на 09.10.2024 успешно ја спроведија 13-та по ред крводарителска акција на која се собраа голем број на крвни единици.
Крводарителската акција се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола и беше со отворен карактер. Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од Битола, но и кај вработените од другите градови. Кон оваа крводарителска акција се приклучија и вработените од Минт Финтек Груп.
Редовното организирање на крводарителските акции е составен дел на работењето на сите компании од КС Групацијата кои со личен пример сакаат активно да допринесат за зголемување на свеста кај останатите компании кон дарувањето на крв кое е од витално значење за спасување на човечките животи.
Од менаџерскиот тим на групацијата порачаа дека организирањето на крводарителските акции ќе продолжи и во иднина бидејќи хуманоста е еден од главните постулати на програмата за општествена одговорност на самата групација.
Слични информации
Стипендисти на КС Групација 2023/2024 година
КС Групација минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за... прочитај повеќе
КС Групација потпиша меморандум за соработка со УКЛО
Во петокот на 17-ти мај во просториите на Ректоратот на Универзитетот “Свети Климент Охридски”-Битола, беше... прочитај повеќе
КС Групација им подели велигденски ваучери на своите вработени
По повод големиот христијански празник Велигден КС Групацијата која се состои од компаниите Евротип, Голд... прочитај повеќе




